Аутомакедонија e основана во далечната 1946 година, како компанија специјализирана во автомобилската дејност. Седум децении подоцна, Аутомакедонија сеуште ја негува својата богата традиција и на македонскиот пазар функцонира како комплетно приватизирано, акционерско друштво посветено главно на автомобилскиот бизнис.
Аутомакедонија има заокружена инфраструктура (изложбено продажни салони и сервисни центри), најмодерна опрема за одржување и сервисирање на сите видови и марки на возила и високопрофесионален тим, кои имаат задача на својата богата листа на клиенти да им обезбедат комплетна услуга за нивното возило.
Аутомакедонија во моментот има потреба од:
ПРОДАЖЕН КОНСУЛТАНТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКА МЕХАНИЗАЦИЈА, ТРАКТОРИ И ОПРЕМА
СЕРВИСЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКА И ГРАДЕЖНА МЕХАНИЗАЦИЈА
РАКОВОДИТЕЛ НА СЕРВИСНО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКА И ГРАДЕЖНА МЕХАНИЗАЦИЈА