ВО ТЕК Е ПОСТАВУВАЊЕ НА ОПЦИЈА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ НА ДАДЕНАТА ДОНАЦИЈА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО COVID-19 НА АПЛИКАЦИЈАТА “МОЈДДВ”
Со поставување на оваа опција, граѓаните кои погрешно го донирале својот поврат на ДДВ за периодот јануари – март 2020 година, ќе имаат можност да го променат одговорот, односно да се откажат од донацијата, се‘ додека е отворена опцијата за избор во апликацијата, но најдоцна до 30.06.2020 година. Со ова, износот на делот на данокот на додадена вредност за кој се стекнале со правото на враќање за првото календарско тримесечје во 2020 година ќе им биде исплатен на трансакциската сметка најдоцна до 30 јули 2020 година.