Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за мерката 4.3 Воведни обуки за ИТ вештини (on line), финансирана од Буџетот на Агенција за вработување на Република Северна Македонија, на ден 03.06.2020 година, се објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
до евидентирани невработени лица
Се повикуваат евидентираните невработени млади лица до 34 години кои се заинтересирани за стекнување вештини од областа на информатиката, да аплицирааат за учество во следните обуки за воведни вештини од областа на информациските технологии кои ќе се спроведуваат за официјални и глобално стандардизирани програмски единици од образовното портфолио на:
- Microsoft (електронски пристап за 10 поединечни програмски единици поделени на 3 сегменти - Програмирање, Инфраструктура и Датабази) и
- Adobe (електронски пристап за 5 поединечни програмски единици).
Програмски единици од образовното портфолио на Microsoft
Сегмент Програмирање
1. MTA Introduction to Programming Using Java
Обуката Programming Using Java треба да ги опфати основите на Јава програмирање, типови на податоци и варијабли, контрола на проток на информации, составување и дебагирање на код, како и симулација на пишување код.
MTA Introduction to Programming Using Java |
|||
Број на тематски единици за електронско учење |
Број на часови покриени со тематските единици |
Број на менторски часови за интерактивен пристап со сертифициран инструктор |
Назив на испит |
5 |
25 |
12 |
98-388 |
2. MTA Introduction to Programming Using HTML and CSS
Обуката Programming Using HTML and CSS треба да базира на два дела:
• HTML (Hypertext Markup Language) кој вклучува основи на HTML, структурирање на документ, мултимедиа презентации и
• CSS (Cascading Style Sheets) што покрива основи на CSS и стилизирање на веб страни.
MTA Introduction to Programming Using HTML and CSS |
|||
Број на тематски единици за електронско учење |
Број на часови покриени со тематските единици |
Број на менторски часови за интерактивен пристап со сертифициран инструктор |
Назив на испит |
5 |
32 |
12 |
98-383 |
3. MTA HTML5 Application Development Fundamentals
Обуката МТА HTML5 за развој на апликации треба на слушателите да им даде силен вовед во HTML5, кој се состои од три главни области: Hypertext Markup Language (HTML), Cascading Style Sheets (CSS3) и JavaScript. Покрај тоа, овој курс треба да го опфати животниот циклус на апликацијата, со цел најдобро да се планираат, дизајнираат, кодираат, тестираат, валидираат и лансираат HTML5 апликациите.
MTA HTML5 Application Development Fundamentals |
|||
Број на тематски единици за електронско учење |
Број на часови покриени со тематските единици |
Број на менторски часови за интерактивен пристап со сертифициран инструктор |
Назив на испит |
4 |
40 |
12 |
98-375 |
4. MTA Introduction to Programming Using JavaScript
Обуката MTA Programing using JavaScript треба да вклучи изучување на JavaScript оператери, клучни зборови и методи, користење на варијабли, типови на податоци и функции, спроведување на одлуки и loops, интеракција со DOM (Document Object Model) и интеракција со форми. Со покривање на овие теми слушателите ќе се стекнат со знаење кое ќе им овозможи како JavaScript се користи за подобрување на постоечки веб сајтови.
MTA Introduction to Programming Using JavaScript |
|||
Број на тематски единици за електронско учење |
Број на часови покриени со тематските единици |
Број на менторски часови за интерактивен пристап со сертифициран инструктор |
Назив на испит |
5 |
32 |
12 |
98-382 |
5.MTA Introduction to Programming Using Python
Обуката MTA Python треба да го покрие програмскиот јазик Python кој може да се користи за веб страни, развој на игри, дури и хардверско програмирање. Обуката треба да опфати типови на податоци и оператори, одлуки и лупови, input и output, документација и структура на код, troubleshooting, модули и алатки.
MTA Introduction to Programming Using Python |
|||
Број на тематски единици за електронско учење |
Број на часови покриени со тематските единици |
Број на менторски часови за интерактивен пристап со сертифициран инструктор |
Назив на испит |
6 |
32 |
12 |
98-381 |
Сегмент Датабази
1. MTA Database Administrator Fundamentals
Обуката MTA Database Administrator Fundamentals треба да им овозможи на слушателите запознавање со концептите и технологиите кои се однесуваат на администрација на бази на податоци. Со оваа обука треба да се покриени релациони бази на податоци, барања, зачувани процедури и безбедносни барања за базите на податоци и податоците складирани во нив.
MTA Database Administrator Fundamentals |
|||
Број на тематски единици за електронско учење |
Број на часови покриени со тематските единици |
Број на менторски часови за интерактивен пристап со сертифициран инструктор |
Назив на испит |
4 |
30 |
12 |
98-364 |
Сегмент Инфраструктура
1. MTA Mobility and Devices Fundamentals
Обуката треба да вклучи изучување на вештини за конфигурација на уреди, пристап до податоци и менаџирање на истите, безбедност на уреди и разбирање на облак (cloud) услугите.
MTA Mobility and Devices Fundamentals |
|||
Број на тематски единици за електронско учење |
Број на часови покриени со тематските единици |
Број на менторски часови за интерактивен пристап со сертифициран инструктор |
Назив на испит |
5 |
30 |
12 |
98-368 |
2. MTA Windows Operating System Fundamentals
Обуката Windows Operating System Fundamentals треба да покрие разбирање и конфигурирање Windows 10, надградба на client системи, управување со апликации, управување датотеки и фолдери, управување со уреди и разбирање на оперативни системи.
MTA Windows Operating System Fundamentals |
|||
Број на тематски единици за електронско учење |
Број на часови покриени со тематските единици |
Број на менторски часови за интерактивен пристап со сертифициран инструктор |
Назив на испит |
5 |
38 |
12 |
98-349 |
3. MTA Security Fundamentals 2017 Course
Обуката MTA Security Fundamentals треба да покрие слоеви на безбедност, безбедност на оперативен систем, мрежна и софтверска безбедност.
MTA Security Fundamentals 2017 Course |
|||
Број на тематски единици за електронско учење |
Број на часови покриени со тематските единици |
Број на менторски часови за интерактивен пристап со сертифициран инструктор |
Назив на испит |
8 |
18 |
12 |
98-367 |
4. MTA Networking Fundamentals
Обуката Networking Fundamentals треба да покрие три мрежни аспекти: мрежна инфраструктура, вмрежување на хардвер и протоколи и сервиси.
MTA Networking Fundamentals |
|||
Број на тематски единици за електронско учење |
Број на часови покриени со тематските единици |
Број на менторски часови за интерактивен пристап со сертифициран инструктор |
Назив на испит |
5 |
33 |
12 |
98-366 |
Програмски единици од образовното портфолио на Adobe
1. ACA Photoshop
Обуката за Adobe Photoshop треба да ги покрие следните теми: манипулација со фотографии, графичко дизајнирање, фото-ретуширање, веб дизајнирање и мултимедија.
ACA Photoshop |
|||
Број на тематски единици за електронско учење |
Број на часови покриени со тематските единици |
Број на менторски часови за интерактивен пристап со сертифициран инструктор |
Назив на титула |
2 |
33 |
12 |
ACA Photoshop |
2. ACA Illustrator
Обуката за Adobe Illustrator треба да им овозможи на слушателите запознавање со векторското цртање и креирање на илустрации за печатен медиум, мултимедија и он-лајн графики.
ACA Illustrator |
|||
Број на тематски единици за електронско учење |
Број на часови покриени со тематските единици |
Број на менторски часови за интерактивен пристап со сертифициран инструктор |
Назив на титула |
4 |
29 |
12 |
ACA Illustrator |
3. ACA InDesign
Обуката Adobe InDesign треба да им овозможи на слушателите запознавање со основите на дизајн на веб страница и изглед на документот што нуди прецизност, контрола, и лесна интеграција со другите Adobe професионални графички софтвери. Обуката треба да опфати запознавање со основите на десктоп издаваштво кое овозможува дизајнирање и објавување на документи.
ACA InDesign |
|||
Број на тематски единици за електронско учење |
Број на часови покриени со тематските единици |
Број на менторски часови за интерактивен пристап со сертифициран инструктор |
Назив на титула |
4 |
27 |
12 |
ACA InDesign |
4. ACA PremierePro
Обуката Adobe Premiere Pro треба да им овозможи на слушателите запознавање со видео монтажа како најразвиена, ефикасна и прецизна алатка за видео едитирање. Обуката треба да опфати совладување на сите редакциски, продукциски и телевизиски предизвици.
ACA PremierePro |
|||
Број на тематски единици за електронско учење |
Број на часови покриени со тематските единици |
Број на менторски часови за интерактивен пристап со сертифициран инструктор |
Назив на титула |
4 |
20 |
12 |
ACA PremierePro |
5. ACA Animate
Обуката Adobe Animate треба да им овозможи на слушателите запознавање со алатката која обезбедува сеопфатна средина за креирање и модифицирање на софистицирани веб анимации и интерактивни, богати апликации со мултимедијални содржини кои можат да се објават на различни платформи. Animate CC ќе им послужи на слушателите во креативната индустрија за развој на проекти со интегрирање на видео, звук, графика и анимација.
ACA Animate |
|||
Број на тематски единици за електронско учење |
Број на часови покриени со тематските единици |
Број на менторски часови за интерактивен пристап со сертифициран инструктор |
Назив на титула |
5 |
24 |
12 |
ACA Animate |
Во оваа мерка е предвидено вклучување на невработени млади лица кои ќе добијат можност за надградување на вештините во областа на информатичките технологии заради зголемување на нивната конкурентност и побрза интеграција на пазарот на трудот.
За учество во обука, кандидатот треба да ги исполнува следниве критериуми[1]:
- Да има завршено средно или високо образование и
- Да биде на евидентирано на невработени лица- активен барател на работа
- Невработените лица кои веќе еднаш посетиле обука за напредни ИТ вештини можат да учестуваат во обука во друга напредна ИТ вештина. Доколку бројот на пријавени кандидати за учество во мерката го надминува предвидениот опфат, во тој случај предност ќе имаат кандидадите кои претходно не учествувале во обука за напредни ИТ вештини.
Обуките за напредни вештини од областа на информациските технологии кои ќе се спроведуваат по електронски пат со интерактивни сесии за воведни обуки од областа на информациските технологии, и истите ќе се реализираат на територија на Република Северна Македонија во зависност од пројавениот интерес на таргетираната категорија на евидентирани невработени лица за учество во мерката.
Електронското учење ќе обезбеди можност за следење на наставата од било кој град, во било кое време, по сопствена динамика на слушателот, со можност за пристап до видео материјалот, во случај да пропуштиле час. По завршување на делот со електронското учење, на слушателите ќе им се обезбедат часови за интерактивни сесии со сертифициран инструктор на македонски јазик.
Од почетокот на обуката, секој слушател ќе добие пристап до тестови за вежбање кои се симулација на официјалниот испит.
Тренинг центарот има обврска да спроведе претходна проверка на нивото на знаење на кандидатот со цел вклучување во соодветната обука. Крајната листа на кандидатите и резултатите добиени од пред-тестирањето ќе бидат објавени на веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, како и на огласните табли во Центрите за вработување.
Обуките по програмска единица ќе се реализираат во период од 3 (три) месеци од денот на формирање на конечните ранг листи, врз основа на понудениот план за реализација на активности од страна на тренинг центарот.
На лицата вклучени во обуките, ќе им бидат издадени ваучери за посетување обука и полагање на испит.
Кандидатите имаат обврска во рок од најмногу 3(три) месеци од завршување на обуката да се пријават за полагање на испит за добивање на официјален акредитаран сертификат од областа. Во случај да не го положат испитот во редовниот термин, слушателите имаат право на повторен испит, но на сопствен трошок.
На лицата кои активно ги поминале видео материјалите и интерактивните сесии за конкретната обука, по завршување на истата ќе им биде издадено уверение за активно следена обука, а лицата кои успешно ќе го положат испитот ќе им биде издаден официјален акредитиран сертификат.
Правата и обврските на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, спроведувачот на обуките и учесниците ќе бидат подетално уредени со склучување на посебен договор.
Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот. Јавниот повик ќе биде отворен се до пополнување на планираниот опфат на лица.
Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување, на веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија www.av.gov.mk како и на FB страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.
За сите дополнителни прашања може да се обратите на контакт телефоните 02/3111-850 и 02/3122-397 како и на e-mail: info@av.gov.mk и kabinet@av.gov.mk.