Поставена е опција за откажување на донацијата на апликацијата Мој ДДВ
Оваа опција ќе биде достапна на апликацијата МојДДВ до 30 јуни 2020 година, а износот на делот на данокот на додадена вредност на граѓаните кои ја отповикале донацијата ќе се исплати на нивната трансакциска сметка до 30 јули 2020 година.
Управата за јавни приходи известува дека на апликацијата МојДДВ е поставена опцијата за откажување на донација. Граѓаните кои сакаат да ја откажат донацијата потребно е да ја симнат новата верзија на апликацијата МојДДВ. Полето ,,Откажи Донација,, се појавува само кај оние корисници на апликацијата МојДДВ кои го донирале својот поврат за периодот јан-март 2020 за справување со COVID-19.