Европската комисија (ЕК) отвори интернет страница на којашто туристите може да добијат информации околу тоа каде може да патуваат низ Европската унија.
Преку reopen.europa.eu, ќе може да се добијат информации за тоа во кои земји, поради пандемијата, има отежнати услови за премин на границите, а каде е полесно да се влезе.
Целта на оваа интернет страница е на туристите да им даде информации околу дестинациите на кои сакаат да патуваат. Информациите се однесуваат на податоци околу условите што мора да се исполнат за влез во некоја од европските земји, но и предупредување дали постои опасност од повторно воведување на карантин.
Податоците се ажурираат на секои 24 часа, а информациите се достапни на 24 јазици.
Потребно е корисникот да ја одбере посакуваната дестинација, по што reopen.europe.eu ќе му ги прикаже сите важни информации за таа земја.