Го реализиравме нашиот прв вебинар на тема „Погодени и Прилагодени„ компании за време на КОВИД -19. Чест и задоволство беше да се разговара со луѓе стручни во своите области, да се споделат маките и предизвиците што ни ги донесе ситуацијата со пандемијата, но и да си дадеме поддршка едни на други.
Панелисти на вебинарот беа Маја Штерјовски - Одговорна за индустриски односи во Рамстор - Претставник од областа на човечките ресурси и се што е поврзано со нив,
Иван Стојанов - Одговорен за контрола на квалитет - Претставник од аспект на безбедноста во Рамстор во овој период, Мартин Ангеловски - Потпретседател на угостителко-туристичка Комора и Ирена Ѓоршев – Менаџер за организациски консалтинг, претставник од Vrabotuvanje HR Solutions.
Сите од различни сектори, но за прв пат соочени со ист предизвик – како да се справиме со последиците што ги носи оваа ситуација?
Маја зборуваше за хероите во маркетите кои беа на своите работни места тогаш и кога другите работеа од дома. „Најголем предизвик беше да се победи нивниот страв“ – вели таа. Но, со правилна комуникација, преземање соодветни мерки и градење доверба во тимот, секоја пречка станува надминлива.
За организирањето на работа од дома на административните сектори, за сите мерки кои ги превземале со вработените, за справувањето со зголемената побарувачка во вонредни услови ќе може да слушнете повеќе на видеото од вебинарот.
Иван сподели корисни практики за мерките кои Рамстор како компанија експресно ги превзема на самиот почеток со оваа ситуација. Квалитетна заштитна опрема, обезбедување на просторот околу касите, интензивно дезинфицирање на маркетите, оброци и здрава храна за вработените...
Мартин од угостителко-туристичката Комора ја објасни важноста на функционирањето на овој сектор, кој од самиот почеток е во најнезавидна положба. Зборувавме за непрецизните мерки, за недоволната помош од државата кон овој сектор, за секојдневното затворање на ресторани низ земјава, за проекциите колку ќе траат последиците од кризата.
Ирена зборуваше за прифаќањето и прилагодувањето на „новото нормално“, за барањата на клиентите од различни земји и индустрии, за важноста на стратешкото планирање и адаптација на новонастанатата ситуација.
Погледнете го целото видео од вебинарот: