Ние сме всушност најголемите потрошувачи на сите останати индустрии, месо, млечни производи, зеленчук и овошје, безалкохолни и алкохолни пијалоци, кондиторски производи. Ние сме тука за да работат естрадните уметници, организаторите на настани и евенти... Ние сме алка од синџирот на сите индустрии која е многу важна и без неа кругот никако не може да се затвори. И затоа и кога обрнавме внимание на нашиот сектор сметавме и сметаме дека со полно право бараме комплетна поддршка и комплетна помош бидејки како најважна алка во синџирот треба и мора да бидеме така третирани.
-За жал очекуваната поддршка не ја добивме, помошта од државата е минимална. Не квалификуваа како олигарси, а всушност најголемиот број на угостителски објекти се мали семејни бизнисни доволни за егзистенција... Беа дел од заклучоците на најпогодената индустрија Угостителството чиј претставник на вебинарот беше потпретседателот Мартин Ангеловски
-Најпогодени сме и не се знае кога повторно можеме да се вратиме на старо- неопходна ни е помош и поддршка, од Државата и од сите останати... Нагласи Ангеловски на Вебинарот на тема „Погодени и прилагодени„ па хронолошки ги сподели случувањата:
Првичниот шок и неизвеснот бил комунициран со вработените и со клиентите како краткорочна стратеги најпрвин до 1 април дека се затвораат објекtите и дека настаните треба да се одложат.. А потоа со секоја нова информација морале да смислат нова стратегија, но она што е важно е дека на ништо и на никого не можеле да се потпрат.
-Знаете како, вели Мартин - кафеаните не се бизнис компании тука има многу емоции, дружење, тука се склопуваат многу пријателства, тука почнуваат и завршуваат најголемиот број од бизнис зделките. Ние се вклопуваме во сите индустрии нашето значење е суштинско.Не е исто нарачај храна и jaди ја дома...
Тука Ангеловски нагласи дека дури и оние кои се обиделе да работат со нарачки и достава после извесно време се откажале од идејата гледајки ја како неисплатлива
-Не е поентата да се прави нарачка за да добиете храна од кафеана дома нема драж во целата работа - поентата е дружењето.
И навистина е така - најубавите сеќавања се токму од дружби во локали, со бизнис клиентите најчесто се седнува во кафеана, сите радости и убави моменти се споделуваат таму.
-Наспроти целата криза ние не ги заборавивме нашите вработени додаде Ангеловски - Сите залихи кои беа набавени во кафеаните беа споделени со вработените, во таа криза за основни продукти не дозволивме да ги оставиме на цедило.
Исто организиравме хуманитарни акции за да ги донираме производите кои сепак имаат рок на траење...
-Ги комунициравме сите клиенти со закажани термини, се се одложи за некој поубави времиња но за жал има и комплетно откажани термини...Се уште нема официјално кога ќе се отворат и кои ќе бидат протоколите за работа на салите за свадбени и други веселби, игротеките...Во меѓувреме угостителските објекти се отворени...функционираат со 60 % намален промет, голем е бројот на оние кои затвориле со почетокот на кризата и воопшто не рестартирале.
Она што го наведе како заклучот е дека за да може што поскоро да се врати во нормала неопходно е луѓето да почнат да трошат... Економијата мора да работи, ако сите седат дома штедат таа заштеда кога тогаш ќе се потроши...
-Кампањата седи дома заврши - одиме надвор, достојно на мерките, но со планови за иднината. Само така ке излеземе од кризата нема друг начин... Заврши Мартин со нагласување дека во подготовка се стимулативни кампањи кои ќе придонесат за побрза рехабилитација на угостителско туристичкиот сектор.
Угостителскиот сектор вработува околу 30 000 луѓе.
Погледнете го целото видео од вебинарот: