Голем број студенти веруваат дека добивањето на универзитетска диплома е единствен начин за вработување во водечките компании во светот, компании како Apple, Google, Netflix...Сепак, ова не е секогаш точно.
Истакнати деловни лидери, како извршниот директор на Siemens, Барбара Хемптон, и извршниот директор на Apple, Тим Кук, ја преиспитуваат потребата за факултетската диплома.
Половина од вработените во Apple немаат диплома
Кук неодамна изјави дека околу половина од вработените во Apple немаат универзитетско образование. Овие податоци се однесуваат на вработените во САД. Тој заклучи дека многу факултети не ги учат вештините кои се потребни на пазарот на трудот, како што е кодирањето. Хемптон ја отфрли идејата дека четиригодишното студирање гарантира подготвеност за кариера.
Во огласите за работа честопати се бара диплома, но во реалноста дипломата воопшто не е потребна, тоа само им помага на нашите менаџери да го направат вистинскиот избор, вели Хемптон.
Реномирани компании како Google и Apple вработуваат луѓе кои ги поседуваат потребните вештини за да ја извршат работата, со или без диплома.
БАРАТЕ РАБОТА ВО ИТ СЕКТОР КЛИКНЕТЕ ОВДЕ!
LinkedIn откри дека голем дел од најголемите компании денес не бараат од вработените да имаат факултетско образование.
По понатамошната анализа на податоците, LinkedIn идентификуваше специфични позиции што веројатно ќе бидат пополнети од страна на луѓе без диплома, вклучувајќи електотехничари и претставници на маркетингот. Но, без оглед на тоа, барем засега, се чини дека дипломите се исплаќаат. Работниците кои имаат додипломски студии заработуваат повеќе од 932 долари неделно од просечниот работник, се вели во најновиот извештај на Заводот за статистика на трудот на САД.
Извршниот директор на Apple, Тим Кук, потсети дека нивната компанија е основана од Стив Џобс, човек кој се запишал на колеџ и се откажал од истиот. Затоа, политиката на компанијата секогаш била на ставот дека не е потребна диплома за некој да биде успешен.