ЕУ објави листа на 15 земји на чиишто жители ќе им биде дозволен влез во Унијата од 1 јули.
ЕУ ги отвора границите за државјаните од трети земји, а тие се: Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Црна Гора, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Кина.
Кина, за разлика од останатите земји, има услов да одобри реципроцитетна дозвола за државјаните на ЕУ.
Исто така, државјаните на земјите од Европската единствена пазарна зона ќе можат да патуваат во ЕУ, а тие се: Велика Британија, Норвешка, Швајцарија, Исланд и Лихтенштајн.
На листата не се наоѓаат САД, Бразил и Русија. Тоа се земјите со најголем апсолутен број на позитивни случаи на Ковид-19 во светот и таму епидемијата е се уште во пораст.
Листата се очекува да се ажурира на секои две недели, во зависност од епидемиолошките карактеристики на земјтие кандидати за трети земји и други фактори.