Наместо 10 дневни награди по 1.000 денари, 2.000 денари и 3.000 денари, секој ден ќе се доделуваат по 30 награди од по 1.000 ден.
Министерката за финансии објави на фејсбук-профил дека наградната игра „Мој ДДВ“ се прилагодува на Ковид-19 состојбата и дека ќе има поголем број дневни награди од по 1.000 денари за сите оние кои скенираат сметки и придонесуваат во борбата со сивата економија.
Наместо 10 дневни награди по 1.000 денари, 2.000 денари и 3.000 денари, секој ден ќе се доделуваат по 30 награди од по 1.000 ден. Месечните извлекувања од август за секое коло ќе имаат промена, односно ќе се доделуваат по 15 награди од по 20.000 денари наместо 100.000 денари, информираше Ангеловска.