Силен северен ветер кој на места ќе достигне брзина и над 90 километри на час ќе дува утре претпладне.
Синоптичарите најавуваат дека ветерот ќе почне да дува во северните делови, а во текот на денот и во останатите делови, особено долж Повардарието, што ќе услови значително намалување на дневната температура.
Покрај ветерот, за утре се најавува и локален дожд и грмежи. Веќе од среда следува сончево време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра.