Се чини дека е невозможно за страсните љубители на кафе да го започнат денот без кафе. Сепак, експертите тврдат дека е многу подобро да се пие првото кафе подоцна во текот на денот.
Конзумирањето на кафе веднаш откако ќе се разбудите може да направи да се чувствувате нервозно. Ако го пиете првото кафе рано наутро, ќе бидете многу активни првите неколку часа по будењето, но честопати се случува да станете уморни и исцрпени среде денот. По будењето, самото тело произведува поголема количина на кортизол, хормон на стрес, кој не буди. Ако додадете кофеин на тоа, што го прави истото, ќе ја зголемите количината на хормони на стрес во крвта и ќе предизвикате чувство на напнатост.
Кога, по неколку часа големата количина на кортизол е исцрпена, се појавува чувство на замор. Затоа е најдобро да го испиете првото утринско кафе неколку часа по будењето. Идеално време за пиење на првото кафе е всушност 3 до 4 часа по будењето, велат експертите.
Сепак, не сите се согласуваат со оваа теорија. Некои нутриционисти веруваат дека количината на кафе е поважна од времето на пиење, и сите се согласуваат дека кафето не треба да се пие доцна. Според една студија, кафето може да ви го наруши сонот дури шест часа по пиењето, иако врвот на неговата ефикасност е од половина до еден час по консумирањето.