Дали сте уморни од фиксни работни часови? Дали го сакате вашето време назад? Дали сонувате за патување низ светот? Дали барате креативна и финансиска слобода и посакувате подобро да ги искористите вашите таленти и квалитети?
Кога се разговара за работа, пари и време, постојат неколку видови на луѓе.
Прво, постојат вработени, кои работат во системот и го обвинуваат секој кој е надвор од него. Тие имаат фиксни работни часови, не многу време за себе, работа што не им се допаѓа и немаат мотивација да бидат попродуктивни.
Потоа, ги имаме оние кои успеваат да излезат од системот. Тоа може да се оствари на 2 начини. Можете да станете самовработени и во основа станувате систем. Или, да се одлучите за големи заработки со градење на сериозна компанија и живеење на претприемачкиот живот.
Но, дококолку постигнете успех, тоа не значи дека ќе можете слободно да правите што сакате со вашето време и пари. Најчесто, самовработените и сопствениците на бизниси се наоѓаат во ситуација да креираат уште потешка ситуација за себе – двапати повеќе работни часови, стрес, недостаток од независност од локација, или друго.
Зошто? Бидејќи работите за пари, или никогаш не размислувате да создадете систем кој ќе работи сам без вашето присуство и контрола, така што можете да правите што сакате со вашето време.
Сето ова е спротивно на тоа што представува “lifestyle” бизнис.
“Lifestyle” бизнис е бизнис изграден со единствена цел да се ужива во одреден животен стил.
Некои сакаат да патуваат низ светот. Наоѓаат начин да креираат пакети за своите услуги, наоѓаат клиенти, сето ова најчесто го основаат на аутсорсинг и ги завршуваат нивните обврски додека патуваат.
Другите се повеќе ориентирани кон семејството и прават промени во нивниот животен стил кога имаат деца. Тие сакаат да го поминат поголемиот дел од своето време со семејството. Значи тие се надвор од системот и почнуваат да работат на која локација сакаат. Некои пишуваат и објавуваат книги. Потребно е време додека почнат да добиваат приходи, но истите се зголемуваат со тек на време, што им овозможува потоа да се надградуваат и стекнат нови вештини.
Некои се водени од својата амбиција. Почнуваат со помали проекти дополнително додека работат, креираат бизнис или развиваат идеа која може да им донесе голема заработка. Потоа, ги оставаат своите работни позиции и се преселуваат на места каде што може да се поврзат со претприемачи од иста индустрија, работат на нови проекти или го развиваат својот бизнис.
Зошто да изградите “lifestyle” бизнис
1. Обезбедува задоволство на сопственикот.
Овој тип на бизнис е за креативците, за независните поединци кои сакаат да бидат сопствени шефови и да живеат живот според сопствени услови. За оние кои живеат неконвенционален начин на живот и мразат се што е вообичаено. За двојките кои сакаат да започнат мал и пријателски семеен бизнис. За дигиталните номади кои бараат начини да го одржат своето патување.
2. Растот на бизнисот оди заедно со личен раст.
Луѓето кои почнуваат со ваков тип на бизнис прават сè сами и почнуваат без многу капитал. Наоѓаат начин да кажат не на конвенционалната мудрост, да се изјаснат што не сакаат во својот живот (како редовна работа и недостаток на време), и да направат план за тоа како да го добијат она што навистина го сакаат.
Потоа, го прават своето истражување, го посветуваат целото свое слободно време и се фокусираат на овој проект сè додека не почнат да заработуваат и да ги остават своите работни позиции
Ги стекнуваат успешните навики кои ги прават продуктивни, позитивни и здрави, така што можат да го водат нивниот животен стил и да живеат добро.
3. Можете да почнете без искуство, капитал, знаење или врски.
Можете да почнете бизнис за услуги за кој нема да ви биде потребна парична инвестиција.
Не треба ни да ги познавате вистинските луѓе од самиот почеток или да знаете нешто за полето на делување. Сето тоа може да се научи во процесот на истражување, наоѓање онлајн бизнис идеи и да го направи реалност вашиот сон.
Вашиот “lifestyle” бизнис ќе зависи од:
- Која е вашата страст
- Што уживате да работите и сте добри во тоа
- Што сте заинтересирани да дознаете повеќе
- Како го замислувате вашиот идеален живот
- Колку сте подготвени да вложите напорна работа сега за да уживате во плодовите на својата работа подоцна.