Според најновите истражувања, според кои се истражуваше работењето на околу 900 компании, германскиот „Фолксваген“ работи со најголема задолженост.
Според најновите податоци, германската компанија „Фолксваген“ должи околу 192 милијарди долари, што е повеќе од многу држави, како Унгарија (101,9 милијарди) или Јужна Африка (180 милијарди).
Се разбира, не само што „Фолксваген“ е на врвот на најзадолжени германските компании, тука е и „Дајмлер”, кој должи околу 151 милијарди долари. „Тојота” е близу со 138 милијарди долгови, „Форд” должи околу 122 милијарди, а „БМВ” е задолжен со 114 милијарди, се наведува во извештајот.
Меѓу десетте најзадолжени компании во светот, дури пет се од светот на автомобилската индустрија.
Во продолжение погледнете ја листата на топ 10 најзадолжени компании во светот:
1. Фолксваген – 192 милијарди долари
2. АТ & Т – 176 милијарди
3. Дајмлер – 151 милијарди
4. Тојота – 138 милијарди
5. Групација Софтбанк – 135 милијарди
6. Веризон – 129 милијарди
7. Форд – 122 милијарди
8. БМВ – 114 милијарди
9. Комарк корпорација – 104 милијарди
10. Анхузер-Буш – 96 милијарди