Понеделник е, а една студија за влијанието на овој ден врз луѓето откри дека “понеделникот има полоши перформанси од другите денови во неделата“.
За пример може да послужи испораката на производи и нивната бавност што е особено изразена во понеделник. Некои нарачки се обработуваат 10% подолго, потребно е повеќе време за нивно реализирање и ова често резултира во одредена ставка да биде наведена како испорачана, додека истата или не е во пакетот, или не е примена.
Истражувачите сугерираат дека менаџерите се борат со “ефектот од понеделник“ на различни начини:
– Го зголемуваат бројот на вработени во понеделник
– Одржуваат состаноци други денови
– Нудат бесплатно кафе
– Онаму каде е возможно ги автоматизираат задачите
Тие, исто така, предлагаат работните задачи во пoнеделник дупло да се проверуваат.