А1 Македонија постојано работи на креирање нови решенија, воведување нови активности и пракси, иновативни производи и канали за комуникација со корисниците, а истите се реализираат на уникатен начин. На уникатен начин компанијата се поставува и кога се во прашање вработените, постојано се воведуваат нови пракси кои придонесуваат кон нивна мотивираност, продуктивност, подобар баланс помеѓу приватното време и времето поминато на работа, пракси кои го поттикнуваат учењето и напредок во кариерата.
Создади искуство кое ти сакаш да го живееш е една од можностите кои компанијата ги нуди на своите вработени. Почнувајќи од иновативниот пристап кон поставување огласи, начинот на спроведување интервјуа, вработување и можност за пракси, А1 Македонија со сигурност е компанија која ги отвора вратите на својот свет за млади и перспективни професионалци. Набрзо по нивните почетоци, веќе 29 млади таленти кои започнаа како практиканти направија чекор во својата кариера и официјално станаа вработени и дел од големото семејство на А1 Македонија.
За нивното искуство и патот кои тие го поминаа, разговараме со Маја Анчевска, Специјалист за човечки ресурси, а воедно и регрутер кога се во прашање нови таленти во А1 Македонија.
Кои се можностите кои А1 Македонија им ги нуди на младите, особено оние кои немаат работно искуство, а сакаат да го направат својот прв чекор во кариерата како практиканти?
Да се биде практикант е огромен предизвик, тоа е еден од првите чекори кои младите го прават во својата кариера, односно првата скала која ја искачуваат за стекнување на искуство. А1 Македонија како компанија која брои над 1000 вработени нуди огромни можности за учење, а воедно тоа е дел и од нашата корпоративна култура. Тоа што прво го добивам како повратна информација од практикантите е предизвикот да се биде дел од различни тимови кои се уникатни сами по себе во однос на експертизата, личните и професионални искуства, карактерни црти, дури и смислата за хумор. Нашите тимови се секогаш пријателски настроени и имаат желба да го споделат своето искуство, па тоа на младите им дава чувство на сигурност, можност да изградат свое катче и да остават белег во работењето. Дел од нашата компанија е и програмата за менторство, па разменување искуства со други оддели не е исклучено. Дел од нашите колеги кои почнаа како практиканти оваа не им е ново искуство, но како што велат и самите, А1 Македонија им ги помести критериумите за описот на позицијата практикант, компанија која се грижи, која негува вистински вредности и се гордее со своите вработени.
Со оглед на тоа дека А1 Македонија постојано воведува нови пракси и бенефити за вработените, дали младите лесно се вклопуваат во новата, поразлична средина?
Сите нови пракси кои ги воведуваме се бенефит за вработените, па многу е лесно да се вклопите и да уживате во бенефитите, без разлика дали веќе сте дел од компанијата или доаѓате од сосема различна средина.
Кога ќе прочиташ што е тоа што една компанија го нуди за своите вработени и кога ќе го доживееш впечатоците се различни. Почетоците секогаш се највозбудливи, па гледната точка како почетник практикант и сега сигурно им е поинаква, но верувам дека веќе ги користат бенефитите кои компанијата ги нуди. Сите вработени, вклучувајќи ги и практикантите имаа можност да се соочат со нови флексибилни алатки за учење, модерна работна средина со технолошки напредни алатки за работа и меѓусебна комуникација, практики за работа од дома, комплетно нов трендовски свет во кој може истовремено да бидат посветени на работните и приватните обврски, притоа имајќи ја исто така можноста да дефинирање на нивно темпо на работа, учење и развој.
Што е најголем поттик за практикантите и младите таленти кои немаат искуство, но имаат желба за учење и напредок?
Како што веќе споменав, да се биде практикант е одличен почеток за сите оние кои сакаат нови искуства и знаења. А1 Македонија секогаш ги отвора вратите за оние кои сакаат да го градат својот кариерен пат правилно, чекор по чекор. Верувам дека тоа што младите практиканти или штотуку вработените ги движи напред е чувството дека придонесуваат за А1 Македонија, дека се дел од големата слика, стратегијата и културата, поттик кон дигиталниот начин на живот и иновативните начини на работа. Да работите за толку голема бројка на корисници и да творите “позади сцената”, а воедно и да оставите белег во постоењето на компанијата е вистинска мотивација за младите и амбициозни потенцијали.
Ние сме дел од една интернационална компанија која е предводена од доверба, тимска работа и агилен начин на работа. Никогаш не било полесно да размениш експертски познавања како дел од една голема групација или пак да работиш во меѓусекторски тимови и интернационални проекти или пак на дланка да ги имаш најсовремените технологии од областа, сепак она кое е посебно за оваа компанија е прославувањето на заеднички успеси и постигнувања. Тоа се прави на единствен и уникатен А1 начин.
Што е тоа што им го советуваш на младите, на сите оние кои се во дилема кога е во прашање практикантската работа, кој е клучот до успехот?
Како да успеете? Само направете го првиот чекор и направете работите да се случуваат. Важно е да ја препознаете можноста и да возвратите, да имате желба за учење и за тоа да станете идни експерти во одредено поле.
Тоа што А1 Македонија со сигурност може да го понуди е работа со искусни експерти, можност за работа на креирања нови решенија, истражување нови работи и реализација на истите. Патот кон успехот е предводен од идеи, резултати и взаемна почит, но не и хиерархија. Зборот практикант е нешто што е на напишано на парче хартија, а целосно ќе се уверите во тоа кога ќе влезете на вашиот прв состанок и ќе ги добиете првите работни задачи. Имајте доверба во себе и започнете да го градите својот пат.
Дознајте повеќе за А1 Македонија:
Флексибилен модел на работа – еден од бенефитите за вработените во А1 Македонија
Во А1 Македонија промовираме виртуелно учење и дигитални алатки за работа во време на справување со Корона вирусот – Ана Умерова, Бизнис партнер во А1 Македонија
Интервју со Светлана Мисајловска - Менторството води кон деловен успех