Технолошкиот гигант Google одлучи сите вработени во таа компанија да продолжат да работат од дома до јули следната година.
Google ќе биде првата голема американска корпорација која донесе одлука да ја продолжи работата од дома во околности во кои пандемијата на коронавирус не се смирува.
Одлуката ќе се однесува на скоро 200.000 вработени во компанијата, како и на работниците ангажирани според одредени видови договори.
Исто така, се очекува ваквата одлука да изврши дополнителен притисок врз другите технолошки гиганти, кои засега планираат да продолжат да работат од дома до јануари следната година, за можеби да донесат иста таква одлука.