Светски познатиот моден бренд Burberry моделите за претставување на новата колекција пролет – лето 2021 година, ги пронајде во своите редови.
Британската модна куќа ги замолила членовите од тимот од цела компанија, од оние кои работат во продажба и финансии, до дизајнери и работници во малопродажба да учествуваат во уникатна кампања. Нивната задача била да бидат модели и пред своите домови да се фотографираат со новите парчиња облека од овој моден гигант.
“Ги повикав луѓето од Burberry да ги отворат своите врати и да бидат дел од ова патување. Секој од нив го интерпретира изгледот на сопствен начин во пејзажите на Лондон и пошироко. Горд сум на оваа колекција“, изјави Рикардо Тичи, главен креативен директор на Burberry.
Модната куќа сега се подготвува за претстојната септемвриска ревија, на која ќе ја претстават својата колекција за пролет/лето 2021 година, а ревијата ќе биде на отворено.