За поефикасна функција на електронските картички кои се во употреба веќе неколку месеци и кои можеби го олеснија функционирањето во автобусите на ЈСП целосно праќајќи ги во историјата хартиените билети од ЈСП ја проширија мрежата.
Освен во досегашните триесеттина продажни места и билетарници за дополнување на картичката позната како „Скопска“ можете да ја наполните со возења на уште 45 места.
Тоа се маркети, трафики, тобака и слично кои што се наоѓаат на најфрекфентните места во градот и општините во Скопје.
Меѓутоа, од ЈСП посочија дека идната недела во функција ќе бидат ставени уште 15 апарати.
ЈСП Скопје објави и јавен повик до сите заинтересирани субјекти за соработка, што значи дека продажната мрежа ќе се шири.
Досега на овие продажни места на претпријатието можеа да се надополнат картичките.