Забрана за играње на подиум, растојание меѓу масите и столчињата и статична музика. Угостителите вчера на состанокот со Комисијата за заразни болести повторно побараа да им се дозволи организирање на свадбени и други прослави според строго утврдени протоколи. Велат дека со одредени ограничувања гостите ќе бидат целосно безбедни, а доколку не им се дозволи ќе бидат принудени целосно да го затворат бизнисот.
„Туристичко угостителската комора уште на почеток на јули изготви предлог-протоколи со кои се предвидува работа во контролирани услови. И, иако тие предлози беа оценети како прифатливи во Комисијата, сѐ уште не се донесени. Безбедносниот аспект мора да биде максимално запазен согласно протоколите за работа. Во спротивно, како и досега, ќе се соочуваме со приватно, во сопствена режија, организирање прослави без соодветни безбедносни протоколи. Во исто време, за разлика од семејните прослави, дозволени се концерти и други настани со далеку поголем број учесници за кои има предвидени протоколи“, велат од туристичко угостителска комора при ССК.
Во следните два дена се очекува Комисијата да одлучи дали ќе дозволи рпослави или не.
И музичките работници очекуваат Комисијата да даде дозвола за организирање на музички настани во угостителксите објекти, како надвор така и во внатрешните делови. Во нивниот допис потенцираат дека во целост ќе ги поддржат активностите на пазарниот инспекторат доколку никој ги прекршува протоколите за време на музички настан во објектите.
Пред извесно време пак се дозволи да се прават концерти, но со орагничен број на луѓе, со задолжително носење на заштитна маска и онлјан продажба на карти.