Електронски ќе се утврдува врендоста на увезените половни автомобили. Потоа врз база на утврената основица, Царинската управа софтверски ќе ја определува колку треба да се плати царина. Новиот софвер од денеска е пуштен во употреба. Постапката е едноставна, овозможува транспарентност и ја сведува на минимум можноста за малверзации.
Наместо акциза во иднина за увоз на автомобили ќе се плаќа данок. Тоа се предвидува со новиот закон за возила кој до крајот на годинава ќе влезе во владина процедура. Тоа значи дека увозниците нема да плаќаат акциза за возилата при самиот увоз, туку данокот ќе се плаќа откако возилото ќе стигне до крајниот купувач. Како што информираат од Царина, скалата што ја определува висината на давачката за увоз на возила, нема да се промени. Разлики ќе има во параметрите за пресметка. Сè поголем удел во основата за оданочување ќе има емисијата на СО2, на сметка на амортизацијата.
Инаку, заклучно со мај, приходите на Царината по сите основи се поголеми од лани.
Од Царинската управа информираат дека интензивно работат на усогласување на законските регулативи со оние што ги налага Европската унија, но велат дека тоа нема да падне на грбот на компаниите и граѓаните.