Се укинуваат двата контролни теста со кои се докажуваше дека пациент веќе нема Ковид-19 и беа услов за тој да излезе од изолација, најави министерот за здравство Венко Филипче.
- На состанок на Комисијата за заразни болести усвоивме нов протокол за ослободување од изолација. Нема да бидат потребни повторени испитувања. МАНУ реализира повеќе од 10.000 тестирања и се покажа дека пациенти со коронавирус што немаат симптоми не ја пренесуваат болеста по 10 дена, а кај оние со симптоми по 20 дена нема опасност од пренесување - рече Филипче.
Матичните лекари ќе ја следат состојбата на пациентите зашто, меѓу другото, ги добиваат и резултатите од тестовите. Новите правила треба да важат за неколку дена.
Филипче, исто така, објасни дека сега откако се почнати закажувањата на прегледи преку системот „Мој термин“, пациентите што ќе одат во здравствени установи мора да ги почитуваат протоколите за заштита од вирусот. Во установата ќе влезат 15 минути пред почетокот на прегледот, а со нив може да има само уште едно лице.
Веќе нема да се прават контролни тестови за Ковид-19, за преглед во болница ќе се влегува 15 минути пред да почне
Aktualno
-
Доколку одлучите да ја одложите пензијата во оваа земја, добивате бонус до 22.000 евра
Во оваа земја се воведува додаток за одложување на пензијата што може да значи доплата за дел од работниците
-
Населението на овие земји најбрзо се збогатува: Унгарија е една од нив
Според податоците од 2010 до 2023 година, најголем раст на вредноста на имотот на населението е забележано во неколку земји
-
Трик-прашање за вработување во „Мајкрософт“ за проценка на размислувањето на кандидатите
Во неодамнешно интервју за „Блумберг“, поранешниот извршен директор на „Мајкрософт“ зборуваше како се правело интервју за работа во една од најпознатите технолошки компании
-
Цените на угостителските услуги пораснале за 6%, ноќевањата за 21,3% во однос на лани
Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги бележат раст од 6,1%
-
Британија ја воведува четиридневната работна недела: Повеќе од илјада работници ќе работат помалку без намалување на платата
Велика Британија започна со првата четиридневна работна недела
-
5 клучни грешки што ги правиме при барањето работа
Пронаоѓањето на работа, особено ако се наоѓаме во потрага за нашата првата работа, може да изгледа како прилично тежок предизвик