Уште едно детенце излекувано од малигна болест на Клиниката за детски болести! Најголемиот смешко Теофан ја победи болеста и вчера си замина дома.
Тој повторно ќе има среќно детство и ќе се дружи со другарчињата. Му посакувам секогаш да биде насмеан и силен како и досега. Браво за целиот тим на установата!