Пробајте ја оваа стратегија и бидете сигурни дека полесно ќе напредувате!
Дури и ако не сте на менаџерска позиција, секојдневно демонстрирајте ги вашите лидерски способности бидејќи само на тој начин ќе успеете да изградите репутација и да ја зголемите сопствената вредност во компанијата.
На овој начин, постепено ќе започнете да добивате подобри проекти, а веројатноста да бидете унапредени на повисока позиција е голема.
Како можете да ги покажете вашите лидерски вештини дури и кога не управувате со луѓе?
Освен за себе, мислете и за компанијата
Не е тешко да се замисли како одреден проект ќе влијае на вас и на вашиот тим. Раководството на компанијата секогаш ги има предвид целите на организацијата - што понекогаш можат да бидат слични со целите на тимот, но исто така можат и да се разликуваат.
Ќе бидете помудри и покорисни доколку постојано размислувате и донесувате одлуки преку призмата на вашата компанија.
Лидерски вештини - важна е вклученоста
Добрите лидери разбираат дека е потребно луѓето да се привлекуваат, а не да се одвраќаат. Треба да им дадете право на глас на сите (на пример: Катерина, знам дека сте поискусни во оваа област - што мислите за ова?). Треба искрено да ги сослушате идеите на другите луѓе дури и ако не се експерти, па дури и самостојно да се обидете да ги анимирате за да го извлечете најдоброто од нив и да го зголемите нивниот ангажман. На пример, откако состанокот ќе заврши може да им посветите внимание на најмалдите членови на тимот и да започнете некоја интересна тема за работа.
Изберете на што ќе ја посветите вашата енергија
Врвните лидери размислуваат стратешки и знаат да одберат место каде ќе се фокусираат. Тие се свесни дека постојат голем број области каде што нивното знаење и искуство може да се примени, но сепак добро знаат дека треба да се изберат само најважните.
Можеби ќе се соочите со следните проблеми: недоволно разработен проект, проблеми со технолошкиот сектор, недоволно креативен маркетинг и сл. Откријте каде е треба да вложите најмногу време и напор и целосно посветете се на таа област пред да преминете на нешто друго.
За грешките преземете одговорност
Луѓето инстинктивно бегаат од сопствените грешки, но вашите вистински лидерски способности ќе дојдат до израз само ако сте искрени. На пример: Направив погрешка проценка. Мислев дека ќе се случи X, но на крајот испадна Y, или: Минатиот месец се залагав за идејата Z, иако Томислав рече дека тоа е лоша идеја. Со време сфатив дека тој е во право.
Ова е многу моќен потег! Со преземање на одговорност за вашите постапки покажувате дека не се плашите да учите од сопствените грешки и дека сте доволно храбри за да ја промените вашата одлука. Тоа ве прави посилни, а не послаби.
Прифатете критика
Ако се поставите дефанзивно на прашањата и критиките од другите луѓе, веројатноста да направите поголема штета на себе е голема. Силните лидери сакаат да откријат каде грешат и постојано да работат на својата најдобра верзија.
Помогнете им на другите
Лидерот е лидер само затоа што знае да изнајде начин за ефективно да им помогне на другите. Тоа може да се реализира преку добра препорака или поврзување на луѓе кои ќе имаат корист едни од други.
Ако сте дарежливи и подготвени да одвоите време за помош, ќе ги зајакнете вашите односи со другите и ќе разивете репутација како доверлива и конзистентна личност.