Земји без случаи на Ковид-19 се Палау, Микронезија, Маршалските острови, Науру, Кирибати, Соломонските острови, Тувалу, Самоа, Вануату и Тонга.
Сепак, пандемијата тешко ги погоди економиите на овие земји.
Во 2019 година Палау го посетиле околу 90.000 туристи, што е за пет пати повеќе од вкупното население. Во 2017 година, според податоците на ММФ, туризмот учествувал со 40 % од БДП на земјата.
Поради пандемијата на коронарен вирус, границите на Палау се затворени од крајот на март, така што, иако никој не е заразен, вирусот ја уништи земјата.
Брајан Ли, сопственик на локалниот хотел Палау, има околу 20 вработени и дава се од себе за да не му пропадне бизнисот.
“Работат со скратено време, наоѓам различни работни места за нив – одржување, реновирање и слично, но празните хотели не можат да се реновираат засекогаш. Ако ова продолжи, ќе треба да ги затворам“, рече тој.
Слична е ситуацијата е на Маршалските острови, каде се очекува губење на околу 700 работни места, претежно се во угостителскиот сектор.