Кралското семејство не е како секое друго, има посебни правила по кои се води, некои се дури и бизарни.
Веќе е познато дека кралските снаи имаат цел список нешта кои им е забрането да ги прават, како да се појавуваат сами во јавност, без придружба или обезбедување, да носат високи потпетици, да ставаат темен лак на ноктите и изразена шминка, да изразуваат емоции во јавноста, да делат автограми, да имаат социјални мрежи, па дури и да прават селфи фотографии.
Она што малкумина го знаат е дека и децата поминуваат низ чудни правила. Имено, малата принцеза Шарлот поминува со братот низ школа за воспитување, па веќе учи Шпански јазик и не и е дозволено да седи со братот на маса со возрасните и да јаде.
Тие седат на посебна маса додека не ги усовршат манирите.
press24.mk