Основачот на Тesla, Илон Маск, пред околу една година на Тwitter објави дека канцелариите на Теsla може да се појават во Хрватска, Словачка, Србија и поголемиот дел од Источна Европа на почетокот на оваа година.
Американскиот производител на електрични автомобили, Тesla, отвора своe претставништво во Хрватска. Како што наведоа на нивната страница за работа, тие се подготвуваат за возбудлив влез во Хрватска и бараат неколку вработени да им се придружат на нивниот нов тим во Загреб.
“Бараме советник на Tesla, позиција што најдобро може да се опише како советник за избор и набавка на возила на Tesla. Втората позиција е Менаџер за продажба и испорака“, пишува Zimo.hr.