Во првиот квартал од 2018-та година во Македонија биле слободни 8.331 работни места, а најмногу работници недостасувале во услужните дејности и продажба, а според регионот најбарани работници имало во пелагонискиот регион.
Државниот завод за статистика објави дека во првото тримесечје од 2018 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,68 процент. Највисока стапка на слободни работни места има секторот Административни и помошни услужни дејности 4,25 отсто, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување, каде што изнесува 0,20 отсто.
Најмногу работници се барале во деловните субјекти со број на вработени од три до девет, каде стапката на слободни работни места изнесувала 1,91 отсто. Стапката на слободни работни места во пелагонискиот регион изнесува 3,15 проценти. Но според бројката најмногу слободни работни места имало во скопскиот 4.137.
Според објавените податоци во групат аработници во служни дејности продажба имало 2.929 слободни работни места.