Полното работно време не смее да биде подолго од 40 часови неделно ако договорот за вработување гласи на полно работно време. Со закон, односно со колективан договор може да се одреди како полно работно време, работно време кое е пократко од 40 часови неделно, но не и пократко од 36 часови.
Прекувремената работа може да трае најмногу осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно, освен за работите кои поради специфичниот процес на работа не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да се организира работата во смени. Прекувремената работа во период од три месеци не може во просек да надминува повеќе од осум часа неделно.
Работодавачот е должен да води посебна евиденција за прекувремената работа и часовите за прекувремената работа посебно да ги наведе во месечната пресметка на платата на работникот и за секое воведување на прекувремена работа претходно писмено да го извести подрачниот државен инспектор на трудот.
За вршењето на прекувремената работа на работникот му следува надоместок како додаток на основната плата утврдена во договорот за вработување.
Основната плата на работникот се зголемува по час најмалку за:
• Прекувремена работа - 35%
• Работа ноќе - 35%
• Работа во три смени - 5%
• Работа во ден на неделен одмор - 50%