Доколку зборувате германски јазик и сте заинтересирани за кариера во најголемата глобална компанија за кориснички услуги со претставништво во Скопје, сега е вистинското време да го направите првиот чекор!
Пред точно една година Телеперформанс Скопје (дел од глобалната германска компанија Teleperformance) го официјализираше своето доаѓање во Македонија со отворање на ултра модерен кол центар во срцето на Скопје.
Ова беше одлична вест, пред се, за сите оние кои добро го владеат германскиот јазик бидејќи на пазарот доаѓа еден сериозен играч кој во своето портфолио ги има најголемите светски брендови, а нуди кариерни можности и стандарди за работа кои се блиску до германските.
Телеперформанс неодамна го отвори својот нов објект лоциран во близина на трговскиот центар Зебра, а во меѓувреме промовираше и нов, брз начин на вработување познат како „Денови на отворени врати“ каде што околу 100 познавачи на германскиот јазик добија работно место и почетен бонус од 200 евра! За која друга компанија во Македонија сте слушнале дека го прави тоа?
Вработувањето во Телеперформанс е лесно како да изброите до три
Единствениот услов кој треба да го исполнувате е добро да го познавате германскиот јазик (минимум Б2 ниво). За техничките работи и сите други активности поврзани со работата ќе ве обучи компанијата преку соодветна обука за која добивате цела плата. Немате искуство? Не е никаков проблем бидејќи до вас ќе стојат вашите ментори. Звучи супер, зарем не?
Како да станам дел од Телеперформанс Скопје?
Доколку сакате да работите во компанија каде што ќе бидете инспирирани да учите, да подучувате и да растете, да бидете дел од компанија која е број еден во својата индустрија, да уживате додека сте на работа со кул колеги и да заработувате натпросечна плата и бонуси кои никој друг нема да ви ги понуди, погледнете ги отворените позиции во Телеперформанс и аплицирајте: