Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 260 производни линии во повеќе од 40 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com.
Микросам ДОО светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали, има потреба од нов стручен кадар:
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР - 5 работни места
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР - 5 работни места
СОФТВЕР ИНЖЕНЕР - 2 работни места
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РЕГРУТИРАЊЕ - 1 работна позиција
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА МЕЃУНАРОДНА ПРОДАЖБА - 2 работни позиции