Работодавците обично знаат како да ги прочитаат кандидатите, после толку години искуство, а сега на ред е кандидатите да започнат да “читаат“ регрутерите. Интервјуто за работа може да биде многу стресно. Кандидатот може да не е доволно сигурен во своите знаења, искуство и вештини, а работодавците знаат како да ги препознаат и “казнат“ ако мислат дека не е вистинската личност за одредено работно место.
Потоа, по интервјуто, кандидатите почнуваат да размислуваат што требало да кажат и да се прашуваат дали ќе ја добијат посакуваната работа, а експертите велат дека уште на првиот разговор можат да сфатат дали работодавецот ќе ги вработи.
Ќе бидеме во контакт е вообичаена фраза што ја користат регрутерите, што обично значи дека тие никогаш повеќе нема да ве повикаат, но не сакаат да ви кажат толку директно и да ве навредат.
Има уште многу други кандидати за интервјуирање, е реченица која исто така не е добар знак. Тие обично сакаат да ви кажат да не се надевате премногу.
Може ли да ви дадам совет? Ова е реченица што не сакате да ја слушнете на вашиот разговор за работа, бидејќи тоа значи дека не сте кажале или сте направиле нешто како што треба.
Ние ангажираме само најдобри луѓе на таа позиција. Вие не сте од тие луѓе. Повеќето менаџери, без оглед како се однесуваат, не сакаат да повредат нечии чувства, но тие немаат можност да вработуваат секого.
Ги проверуваме профилите на сите кандидати на социјалните мрежи е изјава што укажува на тоа дека тие нашле маана на некоја од социјалните мрежи кои ги користите. Тоа можат да бидат статуси или фотографии кои не се во согласност со филозофијата и политиките на компанијата и нејзините вработени.