„Незадоволен и непочитуван работник е причина за лоша слика за компанијата“ е еден од многуте коментари на анкетата во која ве прашавме Од каде најчесто потекнува негативната и лоша слика за компаниите?
Одговорот е јасен - лошата слика за компаниите потекнува од самите вработени. Тие се лицето на компанијата, а нивното не/задоволство освен што ќе го споделат барем со најблиските, неизбежно ќе се пренесе и на нивното работење и односот со клиентите.
Дури 71% од испитаниците го делат ова мислење.
18% сметаат дека лошата слика за компаниите потекнува од поранешните вработени, кои додека сеуште биле дел од компанијата од некоја причина молчеле за своето незадоволство, но откако ја напуштиле, слободно го искажуваат своето мислење и искуство за поранешниот работодавач.
7% сметаат дека лошата слика потекнува од кандидати кои биле одбиени за влез во компанијата, како резултат на нивната фрустрација.
Само 4% сметаат дека конкурентските компании свесно креираат и пласираат негативни информации за конкурентските компании.
Грижата за вработените е исклучително важна за успехот и имиџот на секоја компанија. Како работодавач, треба да покажете грижа внатре, но истата да ја презентирате и надвор од компанијата. Една од алатките за да изградите позитивен имиџ за вашата компанија е да имате разработена Employer Branding стратегија.
Поимот employer branding e концепт што подразбира промовирање на компанијата како посакуван работодавач за одредена целна група. Целта на оваа опсежна активност е од компанијата да се развие бренд што ќе ги привлече потенцијални вработени, ќе им даде можност да работат и да останат во компанијата.
Доколку имате потреба од стратегија и ефикасно решение за тоа како да станете посакуван работодавач, контактирајте го нашиот тим!
Го цениме Вашето мислење! Го очекуваме Вашиот одговор на најновата анкета:
Што ви е пресудно да си заминете од компанијата? (а да не е платата)