Петнаесет минути е вкоренето „сигурно време“ на контакт, но што тоа точно значи? Еднаш по 15 минути? Повеќе пати, но пократко?
Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) неодамна ја ревидираше дефиницијата на близок контакт. Претходно за близок контакт се сметаше периодот од најмалку 15 минути, што едно лице ќе ги помине на оддалаченост помала од два метра од заразеното лице.
Сега тие 15 минути не мора да бидат последователни. За близок контакт се смета лице кое било на помалку од два метра од заразено лице минимално 15 минути во 24 часа.
Освен времето на изложеност на вирусот важно е и дали заразеното лице има симптоми, дали ги развило подоцна, дали сте биле надвор или во затворен простор, какво било проветрувањето на просторијата, колку луѓе биле таму и што сте правеле додека сте биле заедно.
Ако на пример сте седеле и сте пееле во некој подрум, наместо да седите и молчите во парк, расте ризиккот дека ќе се заразите во пократок период.
Дефиницијата на близок контакт не се менува ако притоа сте носеле маски, но не е затоа што тие не се корисни во превенција на заразата.
CDC не ги зема во обзир маските едноставно затоа што многумина не ги носат правилно.
Целиот текст прочитајте го на usb.mk