Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот: Се скратува работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна.
Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.
На седницата се донесе и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот.
Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.