Владата ја прифати иницијативата денот недела да биде прогласен за неработен ден, објави премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“.
„Го задолживме Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена да достави законско решение за ова прашање“, соопшти тој.
„Владата ја прифати иницијативата: денот недела да биде прогласен за неработен ден! Го задолживме Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена да достави законско решение за ова прашање. Ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе“, посочува Заев.
Како што објасни Заев, ова решение е во интерес на граѓаните, бидејќи тој ден треба да биде ден посветен на одмор, за поквалитетно време за секој граѓанин, ден за семејството и ден за себе.