Месенџер и Инстаграм добија нова возбудлива опција – пораки што исчезнуваат.
Ова е режим за пораки наречен „Vanish Mode“ и можете да го вклучите или исклучите во поставките на која било порака.
Овој режим може да се активира само ако двете страни се согласат за тоа, ќе биде потребно одобрување од сите вклучени во разговорот.
Покрај тоа, ќе добиете известување ако вашиот соговорник прави скриншот на екранот, што веројатно значи дека тој ја испраќа на некој друг.
За почеток, режимот Vanish ќе биде достапен во САД, а по некое време и во остатокот од светот.
Vanish Mode се претпоставува дека е обид на Фејсбук да привлече помлада публика.
Имено, младите се повеќе се префрлаат на социјалните мрежи кои нудат можност за исчезнување на пораки и објави, со цел да бидат сигурни дека нешто од минатото нема еден ден да ги чини скапо, пренесува The Verge.