Како што најавивме, традиционалнo доделуваме награда за Најпосетуван огласувач на Vrabotuvanje.com.mk.
На наша огромна чест и задоволство, наградата „НАЈПОСЕТУВАН ОГЛАСУВАЧ„ на страницата Vrabotuvanje.com.mk за 2019/2020 година му припадна на нашиот клиент КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА.
Наградата ја доделивме на онлајн настан кој се одржа на 17.11.2020. Настанот го организираше Македонската асоцијација за човечки ресурси, а на истиот беа доделени повеќе HR награди.
Наградата за Најпосетуван огласувач ја додели Дарко Велков, сопственик на Vrabotuvanje.com.mk, а ја примија Виктор Мизо - Директор на КОСТАЛ и Виктор Дојчиновски, Раководител на секторот за човечки ресурси.
Изборот за Најпосетуван огласувач го прават посетителите на сајтот, односно најпосетуван огласувач е онаа компанија која има најмногу прегледи на огласите во текот на годината.
Бројките и статистиките овој пат го кажаа своето: Костал Македонија е најпосетуван огласувач со импозaнтна бројка од 111.652 посети.
Честитки до целиот тим на компанијата!
Погледнете ги добитниците од претходните години на ЛИНКОТ