Во тек е исплатата на повратот на ДДВ за скенираните сметки во третото тромесечје односно за месеците јули, август и септември. Овој пат, исплатата е малку подоцна од вообичаеното поради исплатата на парите од повратот од Викендот без ДДВ. Сепак дел од граѓаните веќе добиле пари, останатите да очекуваат деновиве. Податоците се обработени и сега парите веќе се префлаат на сметките. Инаку УЈП има рок да го изврши повратот 60 дена од денот на последната скенирана сметка во тромесечјето.
По овој основ, според податоците Управата треба да им исплати речиси 430 милиони денари.
Во текот на третото тримесечје, односно во месеци јули, август и септември 2020 сппред податоците, остварен е промет од 29,8 милијарди денари, од кои прометот од македонски производи изнесува 7,8 милијарди денари, а прометот од останати производи изнесува 21,9 милијарди денари.
Преку МојДДВ за скенираните фискални сметки на граѓаните им се врши поврат од 20 отсто за платениот ДДВ за македонски производи и услуги, и 10 отсто за останатите добра и услуги.