Шкотска стана првата земја во светот во која сите жени бесплатно ќе добиваат средства за менструална хигиена, откако пратениците го усвоија Законот за производи за менструација без провизија. Локалните власти сега ќе имаат законска обврска да им ги обезбедат овие производи бесплатно за сите кои имаат потреба од нив.
Законот е резултат на четиригодишната кампања на пратеничката Моника Ленон од редовите на Лабуристичката партија.
„Ова е практичен и напреден закон кој стана уште позначаен во пандемијата на коронавирусот. Менструацијата не запира во пандемија и унапредувањето на пристапот до средствата за менструална хигиена никогаш не било поважно“, изјави Ленон за медиумите.
Истражување спроведено меѓу млади Шкотланѓанки покажа дека една четвртина од нив имаат проблем да дојдат до средствата за менструална хигиена.