Основачот на Амазон, Џеф Безос, во моментов поседува богатство од 181,4 милијарди долари, а неговата компанија напредуваше можеби повеќе од кога било оваа година.Иако изгледа дека Безос дневно носи мал милион одлуки сепак не е така. Џеф дневната бројка на донесени одлуки ја лимитира на вкупно 3!
Како му успева?
За почеток, Безос изјавува дека добриот сон е неопходен за нормално функционирање наутро, па затоа никогаш не се откажува од осум часа спиење. Иако некои бизнисмени се „фалат“ дека спијат само четири или пет часа, овој Американец не е меѓу нив.
Како што вели, тој сака да појадува со децата пред да одат на училиште и не сака да ги проверува мејловите штом ќе ги отвори очите. Од таа причина, тој одлучил дека неговите деловни состаноци ќе започнуваат во десет. До 17 часот, како што вели, повеќе не може да размислува за контроверзни прашања, па затоа си предлага нов обид утре во десет.
„Претпочитам спиење освен ако патувам во различни временски зони. Понекогаш е невозможно да спијам цели осум часа, но јас сум многу фокусиран да добијам осум часа секогаш кога можам. Мислам дека така се чувствувам подобро, имам повеќе енергија и расположението ми е подобро “, наведува тој.
Со оглед на тоа дека тој е основач и сопственик на голема бизнис, и плус најбогатиот човек на светот, Безос изјавува дека неговата работа е да донесе мал број на квалитетни одлуки.
„Како висок извршен директор, за што навистина сте платени? За донесување на мал број одлуки со висок квалитет.
Не е ваша работа да носите илјадници одлуки секој ден “, вели Безос.
Она што е интересно е дека Безос донесува одлуки дури три години однапред и не повеќе од три одлуки на ден.
Како да донесувате одлуки?
Како што открива, во моментов размислува за 2023 година и ги советува и другите да го сторат истото.„Треба да размислите две или три години однапред, и ако веќе сте размислувале така, зошто би донеле сто одлуки денес. Ако донесеме, приближно, три добри одлуки на ден, тоа е доволно и тие треба да бидат со многу висок квалитет “, наведува Безос и потсетува дека уште еден милијардер Ворен Бафет е толку успешен затоа што носи три многу добри одлуки, но на годишно ниво.
„Јас навистина верувам во тоа“, вели Безос.