Луѓето ретко користат Интернет преку WI-FI врска, но таа е многу слаба и бавна. За да ги користат социјалните мрежи, мора да се вклучат во приватната виртуелна мрежа (VPN) за да ги заобиколат цензурите наметнати од владата.
Еритреја е држава во источниот дел на Африка на брегот на Црвеното Море. Се граничи со Судан на северозапад, Етиопија на југ и Џибути на југоисток. Еритреја обично се опишува како една од најрепресивните земји во Африка, како место каде на луѓето им недостасува слобода, пренесува ББС. Ова и не е толку изненадувачка информација со оглед на тоа дека станува збор за еднопартиска држава управувана од претседателот Исајас Афеверки. Еритреја официјално ја стекна својата независност од Етиопија во 1993. година.
Владата ги укина ривалските партии и локалните приватни медиуми, ги затвори критичарите (за некои нив не се слушнало со години), додека на младите луѓе им се наметнува воена обврска.
Поради овие причини мнозинството од населението решило да побара среќа надвор од границите на оваа земја. За жал, многумина починале обидувајќи се да ја преминат Сахара и Медитеранот за да стигнат до Европа.
Единствената телефонска мрежа е ЕриТел и таа е во државна сопственост. Услугата што ја обезбедува е исклучително лоша и строго контролирана. Сите оние кои сакаат да ја добијат својата картичка, мора директно да контактираат со државната власт.
Ретки ја добиваат, а оние што имаат среќа немаат добар сигнал и пристап до Интернет. Ова е причината зошто луѓето се потпираат на телефонските говорници.
Луѓето ретко користат Интернет преку WI-FI врска, но таа е многу слаба и бавна. За да ги користат социјалните мрежи, тие мора да се вклучуваат во приватна виртуелна мрежа (VPN) за да ги заобиколат цензурите наметнати од владата.
Владата го ограничува износот на пари кои луѓето можат да ги повлечат од своите сметки. Дури и ако имаат милиони, тие можат да соберат максимум 330 долари месечно. Сите парични трансакции се поврзани со банка, бидејќи нема банкомати во земјата.
Ако сакате да купите нов автомобил, секој месец треба да повлечете скромна сума пари од вашата сметка, за да можете да ја соберете потребната сума со текот на времето.
Единствената ситуација што се смета за вонредна е одобрението за подигање пари за свадба. Во тој случај, со молба до банката се бара да одобрат поголема сума пари за да може да се плати свадбата.
Има само една ТВ станица, тоа е државната телевизија Ери-ТВ. Но, ако успеете да добиете антена, можно е да го фатите сигналот на други ТВ станици како што се ТВ Асена и ЕРИСАТ и Би-Би-Си.
Државата има само една пиварница која е отворена во 1993. година и сè уште нема конкуренција. Само едно пиво може да се испие, а секој кој сака повеќе треба да донесе еден од своите пријатели.
„Функционален пасош звучи како остварување на соништата“,мислење е на сите млади луѓе во оваа земја. Тие очајно сакаат да ја напуштат, но тоа е многу тешко и не им успева на сите. Граѓаните добиваат исправни и валидни пасоши само откако ќе ја отслужат својата воена служба. Ним им треба и препорака, а тој процес може да трае со години.
За излегување од земјата потребна е виза, која тешко може да се добие затоа што земјата стравува дека луѓето нема да се вратат во Еритреја.
Поради ова, стапката на илегална емиграција од државата е многу висока, а младите луѓе постојано бараат начини како да ја напуштат родната земја.
Бонус видео: