Кога започнувате да работите на ново работно место можеби се чувствувате изгубено, обидувајќи се да разберете како функционираат работите. Но, наскоро застанувате цврсто на нозе и ги совладувате предизвиците на работното место, а како резултат на тоа добивате пофалби од вашиот шеф и колеги за добро извршување на задачите.
По одреден период забележувате дека никој не го пофалил вашиот труд и се прашувате дали сте неуспешни или стагнирате. Кога станувате добар работник, добивате помалку пофалби од шефот, но тоа не значи дека не сте добри. Ова се клучни знаци што покажуваат дека сте одличен работник иако вашиот шеф не ви го кажува тоа често.
Примате повеќе повратни информации
Ова можеби звучи нелогично бидејќи сметате дека треба да добивате повеќе пофалби отколку повратни информации ако работите добро. Но, вашиот шеф сака да ви даде конструктивни критики и продолжува да ви дава предизвици со цел да бидете сè подобри. Затоа, добивањето на повратни информации не е лоша работа, туку показател дека сте ги надминале очекувањата.
Ви поставуваат прашања
Вашите колеги имаат проблеми или прашања, а вие сте првата личност на која ѝ се обраќаат, бидејќи тие имаат доверба во вас. Вие важите за експерт во одредена област и колегите ви се обраќаат за решавање на настанатиот проблем.
Важно е вашето мислење
Вклучувањето во дискусии каде што се носат важни одлуки, исто така, е показател дека имате оставено добар впечаток. Ако седите на масата каде се донесуваат големи одлуки и се водат битни разговори тоа значи дека се ценат вашите идеи и мислења.