Министерството за култура објави јавен повик за поддршка за уметници и лица од културата.
Предмет на овој јавен повик е изготвување Листа на уметници и други лица кои самостојно вршат дејност или друг вид активност од областа на културата, или преку авторски или друг вид договор, заклучно со 27.9.2020 година, се ангажирани во правно лице за вршење дејност од областа на културата, врз чија основа уметниците и другите лица кои вршат дејност во културата ќе можат да се стекнат со право на финансиска поддршка во висина од 6.000,00 денари, која може да се користи исклучиво за купување македонски производи и услуги во периодот од денот на приемот на средствата на трансакциска сметка до 25.12.2020 година.
Образецот на Барањето и образецот на Изјавата задолжително се преземаат од веб-страницата на Министерството за култура kultura.gov.mk и се пополнуваат во електронска форма со впишување податоци на означеното место и се доставуваат во електронска форма на електронската адреса info@kultura.gov.mk
Крајниот рок за доставување на барањата е 12.12.2020 година (сабота). Линкот за аплицирање има на официјалната страна на Министерството за култура. Листата Министерството за култура ќе ја достави до Управата за јавни приходи.