Беровчанец кој скенирал фискални сметки стана добитник на еден милион денари од наградната игра Мој ДДВ Моја награда. Истиот ден и други добитници на месечни награди беа извлечени. Тие добија по 20.000 денари
„Ги имаме последните добитници на месечните награди, ви честитаме и ве охрабруваме да продолжите да скенирате фискални сметки и да се борите против сивата економија, информираа од Мој ДДВ.
Инаку ова беше последено извлекување, 10 коло кое беше. Главната награда беше 1.000.000 денари, наместо иницијално предвидените 3.000.000 денари. Фондот беше скратен поради ковид кризата. Следанта година наградна игра нема да има,потврдуваат од Министерството за финансии.