Министерот за здравство д-р Венко Филипче на утринското гостување во МТВ посочи дека угостителските објекти ќе го вратат работното време до 21 часот доколку епидемиолошката состојба остане стабилна како што е во моментот. На прашањето дали се планираат нови мерки или пак олабавување на мерките после празниците Филипче потенцираше:
„Конкретно да кажам дека угостителите ќе се вратат со работното време до 21 часот, меѓутоа тоа ќе биде тоа засега. Се уште ја следиме ситуацијата како ќе се развива и согласно анализите во иднина ќе одлучуваме дали ќе има дополнителни намалувања на рестрикциите“ – истакна Филипче.