За секој што се обидува да заштеди повеќе пари во 2021 година, 52-неделниот предизвик за пари е едноставен и ефикасен начин да го оствари тоа. Во зависност од тоа кој предизвик ќе го одберете, на крајот на годината можете да имате 20.000, 40.000 или 60.000 денари. Одлична заштеда која може да биде искористена за исплаќање долгови, зголемување на заштедата за итни случаи или патување.
КАКО ФУНКЦИОНИРА?
Секоја недела заштедувате одредена сума на пари во период од 52 недели, односно 1 година. Доколку се придржувате до предизвикот, на крајот на 52-та недела ќе имате убава заштеда.
Едно квадратче = Една недела
Совет: најдобро е да отворите штедна книшка и таму да ги чувате парите бидејќи станува збор за поголеми суми. Тоа можете да го правите еднаш месечно.
Пратете го предизвикот што се го одбрале на членови од семејството или пријатели и штедете заедно. Ќе се мотивирате меѓусебно а истовремено ќе бидете поуспешни во наоѓање начини за штедење.
1. Предизвик од 20.000 денари
2. Предизвик од 40.000 денари
3. Предизвик од 60.000 денари
УСПЕШНО ШТЕДЕЊЕ!
За повеќе корисни финансиски совети, следете го профилот Moи Финансии