Сигурно барем еднаш додека сте се сликале за пасош ве опоменале да не се смеете, да ја држите главата право, мирно, без гримаси. Колку и да не ви делува така, зад овие инструкции се кријат многу сериозни причини кои се однесуваат на безбедноста.
Имено, вашиот пасош во себе содржи чип во кој се наоѓаат биометриски податоци за вас, кои се изведени од фотографијата која сте ја доставиле за документот. Таа фотографија е скенирана а клучните односи – растојанието меѓу очите, од врвот на носот до брадата – се користени за генерирање на таканаречената математичка мапа.
Се што ги нарушува тие мерки – како носење наочари за сонце или широка насмевка – ја смалува ефикасноста на користениот алгоритам, нешто како фотографија која е надвор од фокусот.
Кога ќе дојдете на аеродром вие поминувате низ електронска капија, тогаш погледнувате во камерата која ви го скенира лицето. Тогаш компјутерот одлучува дали математичката мапа генерирана на Гетвик, Хитроу или на некој друг аеродром се совпаѓа со таа во вашиот биометриски пасош.
Ваквиот вид контрола значително се заостри по терористичките напади на 11. септември 2001. во САД.Во Македонија сите лица постари од 18 години мораат да имаат лична карта, со цел во секој момент да можат да бидат идентификувани, но таа открива и многу повеќе за вас.
Можеби дел од вас знаат што означува оваа бројка, но за тие што не знаат, добро е да си прочитаат.
Сигурно малкумина од вас знаат што значи последната бројка на вашата лична карта, која се наоѓа на задната страна во долниот десен агол.
Ретко се случува кај некого последната бројка да изнесува нула бидејќи кај повеќето се најчесто едноцифрени бројки, меѓутоа, има и такви каде што им стои и двоцифрен број, во зависност од тоа колку луѓе се слични на вас.
skopje24.mk