2021 година ќе биде година на нови почетоци, па зошто да не ја искористите можноста да научите нешто ново?
Најдоброто време за зајакнување на вашите професионални вештини и профил на работобарател е токму сега, без разлика дали планирате напредок на тековната позиција или сте заинтересирани да навлезете во сосема ново поле.
За ваша среќа, денес е полесно од кога било претходно да пристапите до ресурси, дури и бесплатни, кои ќе ви помогнат да научите, односно совладате нови вештини и компетенции.
Платформите како Coursera и Skillshare се одлични места за почеток. MasterClass е уште една ѕвездена опција која ќе ви овозможи да учите од експерти во многу области.
Возбудени сте што нуркате во професионалниот развој и учењето на нови вештини, но не сте сигурни од каде да започнете? Еве 5 одлични области во кои зголемувањето на квалификациите може да биде и зајакнување на вашиот професионален профил, според кариерниот коуч Ешли Штал:
- ИТ и сајбер безбедност
- Видео и аудио продукција
- Странски јазиици и превод
- Дата аналитика и статистика
- Креативност
Без оглед на вашиот избор, запомнете дека 2021 година ќе биде година на нови почетоци, па зошто да не ја искористите можноста да научите нешто ново? Тоа ќе биде од корист за вашата кариера и ќе придонесе за поголемо исполнување во вашиот живот како целина.