Дали сте без работа или барате нова? Тогаш овој текст е наменет за вас!
Порталот Vrabotuvanje.com.mk како централно место за барање работа во Македонија ви издвојува некои од најдобрите понуди за вработување за кои во моментов има активни огласи на нашиот сајт:
Жито Лукс АД Скопје, компанија која секојдневно го потврдува својот статус на лидер во мелничко-пекарската индустрија во земјава и најголемиот производител за леб и брашно повеќе од 75 години, е во потрага по HR SPECIALIST во секторот за човечки ресурси и администрација. Вистинскиот кандидат поседува диплома за завршено високо образование, 3 години искуство во човечки ресурси и одлично познавање на MS Office и англиски јазик. За да аплицирате, кликнете овде.
ПроКредит Банка, единствената германска банка во Македонија ви нуди одлична можност за продолжување на вашата кариера на работното место Стручен за развој на апликации во секторот за информатичка технологија во Централната Управа во Скопје. Доколку поседувате работно искуство во областа – компјутерско програмирање и бази на податоци, имате завршено високо образование и одлично го познавате англискиот јазик, не двоумете се и аплицирајте на овој линк.
East Gate Mall – најголемиот урбан шопинг центар во Македонија, дизајниран според највисоки стандарди, кој има да понуди уникатно искуство на светски познати брендови и дополнителни услуги, го проширува својот тим со активни огласи за следните работни позиции: Асистент за администрација на договори за закуп, Општ работник и Агент за недвижности. За повеќе детали, кликнете на огласите.
Светски познатата ревизорска куќа KPMG нуди одлична можност за кариера во областа на даноците и сметководството. Аплицирајте на огласот за Практикант во одделот за даноци и сметководство со клик на овој линк.
ДУРА АУТОМОТИВ, новата американска фабрика за во своето претставништво во Македонија е во потрага по кандидати на повеќе позиции. Кликнете на вашата позиција и аплицирајте, отворени се следните работни места: Планер на материјали, Robots Maintenance Technician, Техничар за тестирање, VS Production Supervisor, Изработувач на алати – ЦНЦ оператор, Специјалист за анодизација и Chief Accountant.
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации која во моментов ги снабдува БМВ, VW, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс-Ројс, во својата фабрика во Охрид вработува: Администратор за SAP PM, Инженер за обезбедување квалитет со клиенти, Инженер за планирање на производство, Машински техничар за одржување и Контролор за планирање на производството.
ЕУРОТАБАК, компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи, има потреба од Бренд координатор/ка со следните квалификации: ВСС, Економија, маркетинг, бизнис администрација, возачка дозвола Б категорија, најмалку 5 години работно искуство во продажба и маркетинг и одлично познавање на деловен англиски јазик. Доколку се препозна себеси, испрати го твоето CV на следниот линк.
Финансиското друштво М Кеш Македонија – небанкарска финансиска институција која како дел од Management Financial Group (MFG) обезбедува брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити, е во потрага по Директор за оперативни дејности во Скопје. Компанијата нуди компетитивна плата, пријателска работна атмосфера, динамична и одговорна работа со постојан раст и можност за усовршување, а вашата апликација може да ја испратите тука.
Пивара Скопје АД е во потрага по Аналитичар за продажба кој ќе биде клучот во протокот на информации меѓу пазарот и комерцијалниот сектор. Имаш искуство во стратешко планирање и користење на информации за известување? Преферираш динамична работа и имаш ВСС (Економија, Математика, Статистика) како и 2+ години искуство на идентична или слична позиција? Искористи ја оваа можност и достави го твоето CV на огласот.
Њу Јоркер Македонија, дел од успешна меѓународна компанија со 1.100 филијали и 19.000 вработени ширум 46 земји, ви нуди можност да се приклучите на тимот во Македонија. Поради влегување на пазарот, компанијата бара лица во своите филијали во Скопје на позицијата ПРОДАВАЧ (М/Ж). Њу Јоркер нуди атрактивна работна средина со возбудливи предизвици и голем простор за реализација на сопствените идеи, а твојата приказна во компанијата започнува со клик на полето Брза апликација на следниот оглас.
Vrabotuvanje HR Solutions за пополнување на тековни позиции за свои клиенти, регрутира кандидати на следните работни позиции: ИТ Администратор, Туристички работник со IATA сертификат, Градежен техничар, Медицински претставник со Б категорија и Градежен инженер. Доколку сте заинтересирани да слушнете повеќе, испратете го вашето CV на regrutacija@vrabotuvanje.com.mk со назнака за позицијата за која аплицирате.
Не пронајдовте работно место за вашите квалификации?
Погледнете ги останатите 300 активни огласи на www.vrabotuvanje.com.mk